Активна мерка за практикантство која предвидува финансиска поддршка во износ од 9.000,00 денари месечно

July 9, 2020 0 Comments

Врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 5. Практикантство, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија на ден 08.07.2020 година, се објавува

ЈАВЕН ПОВИК/ИЗВЕСТУВАЊЕ

до

невработените лица

Се повикуваат невработените лица до 34 години евидентирани во АВРСМ со минимум завршено основно образование кои немаат работно искуство согласно образованието и се заинтересирани да се вклучат во мерката Практикантство за период до 3 (три) месеци кај работодавачите заради стекнување на одредени практични знаења и вештини, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, секој работен ден од 8:00 до 14:30 часот.


За секој кандидат кој ќе биде избран и вклучен во мерката Практикантство, се предвидува финансиска поддршка во износ од 9.000,00 денари месечно (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход) за периодот за кој се извршува практичната обука.


Заинтересираните невработени лица за учество во мерката можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, работодавачите и кандидатите.


Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и на FB страната на Агенција за вработување.

За сите дополнителни прашања може да се обратите на контакт телефонот 02/3122-397 како и на e-mail: info@av.gov.mk и kabinet@av.gov.mk

______________________________________________________________

Bintern претставува онлајн платформа која ги поврзува студентите и невработените со компаниите за пракса и вработување. Линк до Bintern: https://bintern.com