Фрешап – Живеј долго, живеј здраво!

June 29, 2020 0 Comments

Фрешап е битолски стартап кој се занимава со прозводство на производи од здрава храна, поточно овошни сокови, салати и многу различни смутиња и милкшејкови. Нивната мисија е да ја зголемат свесноста за здравјето на луѓето преку промоција на правилниот начин на исхрана и внесувањето на органска храна која е богата со голем број на витамини и минерали.

Слика од Фрешап

Фрешап се наоѓа наспроти саат кулата во близина на Бензистенот во Битола. Исто така фрешап воведе и систем за онлине нарачки преку кој на едноставен начин веднаш можете да нарачате од нивните поризводи и да ви направат испорака до вашиот дом.

Како што вели сопственикот на Фрешап: “правилната исхрана т.е првилна диета е да се јаде правилно, а не да се јаде помалку”. Кога би ја разбрале оваа мисла тогаш ќе станеме свесни за храната која секојдневно ја конзумираме.

Слика од салата и смути на Фрешап

За повеќе информации можете да се обратите на Владимир Петров на следниот телефон: 077 728 694