ИНФО КЛУБ Битола – Шанса за сите

July 25, 2020 0 Comments

Младинскиот инфо клуб Битола е еден од четирите Младински инфо клубови кои се лоцирани во Скопје, Тетово, Битола и Штип и кои функционираат во рамките на четирите Универзитети во Македонија.

Целта на нашето постоење е информирање на младите невработени лица и студентите за можностите за (само)вработување, волонтирање, практиканство и професионално усовршување преку мерките и програмите за вработување, мерките за поддршка за креирање на нови работни места и зголемување на вработливоста на младите лица согласно Оперативниот план за вработување и други активни програми.

Младинскиот Инфо Клуб – Битола на младите лица им нуди уникатна можност за информирање за отворените работни позиции, можности за неформално образование, градење на капацитетите за вработливост, информации за докфалификација и прекфалификација, програми за мобилност и обуки за стручни вештини кои ги нуди АВРСМ или други организатори на истите.

Исто така, клубот ги нуди следниве услуги за бизнисите: информирање за користење на услугите и активните програми и мерки за вработување на невработени лица, информации и совети од областа на трудовото законодавство и учество на заеднички настани заедно со младите невработени лица како што се семите на кариера, живи библиотеки, лабаратории за социјални иновации и сл.
Крајната цел ни е е да придонесеме за зголемување на информираноста на младите лица и бизнис заедницата, поврзување на младите лица со работодавачите, вклучување на младите лица во неформалното образование за стекнување на меки и струкови вештини и вработување.

Младинскиот инфо клуб во Битола е лоциран во просториите на Ректоратот на Правниот факултет во Битола (3 кат), менаџиран е од МКЦ – Битола и поддржан е од УНДП.

За повеќе информации контактирајте нè на:
📩📧info.club.bitola@gmail.com
или следете нè на: Fb. ИНФО КЛУБ-Битола

Bintern е online платформа која ги поврзува студените и невработените со компаниите за пракса и вработување.

Линк до Bintern: https://bintern.com