Јавен Адвертајзинг ДООЕЛ Битола

February 28, 2020 0 Comments

Јавен Адвертајзинг од Битола е регистриранa и верифициранa институција за образование од страна на Министерството за образование и наука и Центар за образование на возрасните, која нуди обуки од областа на информатичките технологии, дигиталниот маркетинг и графичкиот дизајн.
Јавен Адвертајзинг освен во Битола, од оваа година стартуваше и со свое претставништво во Охрид каде исто така се одржуваат обуки од истата област.

Воедно, оваа компанија делува на пазарот и како софтверска компанија којаnкреира и продава софтверски решенија од областа на материјално и финансиско работење, човечки ресурси и архивско работење, креирање на веб страни, како и услуги од дигиталниот маркетинг и оптимизација на веб страни.


Од многубројните обуки кои ги нуди Јавен Адвертајзинг може да ги спомнеме: Full Stack Developer, Data Science, Front End Developer, PHP програмирање, JAVA програмирање, веб програмирање, дигитален маркетинг и SEO, графички дизајн (Adobe
Photoshop и Adobe Illustrator) итн.

Сите овие обуки кои ги организира Јавен Адвертајзинг се поткрепени со изработка на многу практични проекти, со цел студентот да може веднаш после завршувањето на обуката да може да се прилагоди во работна средина.
Освен ова, Јавен Адвертајзинг има склучено соработки со повеќе локални ИТ компании каде ги препорачува своите завршени студенти за пракса или вработување.

JAVEN Software solutions


Обуките кои ги нуди Јавен Адвертајзинг се наменети за студенти кои се од ИТ областа, но и за сите оние кои сакаат да направат преквалификација и да ја насочат својата кариера во ИТ областите.
Заради квалитетот на образование кое го нуди Јавен Адвертајзинг, како и целосната поддршка која им ја дава на своите студенти за напредок во нивната кариера, вработеноста на завршените студенти од обуките е на многу високо ниво.

Јавен Адвертајзинг ги следи трендовите на пазарот, и постојано воведува новитети и иновативност во начинот на работа во постоечките обуки, како и креирање на нови обуки.

Затоа Јавен Aдвертајзинг започна и со нудење на онлајн обуки во софтвер за онлајн учење со цел да може да одговори на различните барања на студентите, и се разбира да понуди дигитализација во процесот на учење и дообучување на ИТ кадри.

Повеќе информации за Јавен Адвертајзинг може да најдете на овие веб страни:
https://javen-advertising.com/
http://javenmk.com/