Јавен Адвертајзинг нуди онлајн обуки за ИТ вештини

March 20, 2020 0 Comments

Имате огромна желба за учење? 

Но, во светот се случуваат некои работи врз кои немате контрола, а кои Ве спречуваат да посетувате курсеви, часови? Единствено Ви останува да скролате низ социјалните медиуми, но свесни сте дека така само ќе изгубите време, а ништо нема да добиете.

Ние нудиме решение!

Јавен Адвертајзинг е верифицирана образовна институција за одржување обуки каде што нашиот тим користи и софтвер за онлајн учење кој е лесен за употреба и совладување на лекциите исто како да сте во реална училница. 

Преку специјалниот софтвер за онлајн учење во моментот има уписи за обуките за PHP програмирање и Дигитален маркетинг и SEO

Без паника, софтверот е лесен и едноставен за користење, секој може да се прилагоди на него, а може да Ви го олесни животот до максимално ниво. 

Да бидеме искрени многу од нас сакаме да седиме дома на топло, во комфорна облека  (да не бидиме потполно искрени дека сите седиме по пижами), со жешко кафе до компјутерот, а истовремено присутни на час каде што се стекнува големо знаење.

Учењето преку овај софтвер е потполно исто како да сте во училница со професорот, секоја активност се одвива паралелно, се развива дискусија, се поставуваат прашања исто како да сте на физичката локација во нашите училници. Студентите е потребно само да имаат компјутер, слушалки, и интернет конекција.

Фотографија на Јавен Адвертајзинг Битола.

Светот оди напред, дигитализацијата завзема голем замав. Па затоа и ние сме тука да Ви помогнеме во тоа и да Ве воведиме во дигитализираниот свет. 

Можеби ова звучи како многу работа и се двоумите дали е подобро да посетите обуки онлајн или во живо. Онлајн обуката може да се користи доколку има некоја непогода како на пример вирус, но може да се користи и доколку имате малку слободно време и сакате да го искористите во учење но, во комфорот на Вашиот дом.

За повеќе информации контактирајте ги од Јавен Адвертајзинг, без проблем ќе Ви објаснат за се што сте загрижени, и да Ви ги дадат потребните информации за сите онлајн обуки. 

Превземено од: https://javen-advertising.com/online-ucenje/?fbclid=IwAR0GLqHcLc9DZdfOTcTfZkIgxCfaFBJhEnMWHp_JTCUPRxtIIwT5XWFhAxU

Автор : Емилија Миновска, дигитален маркетер