Клуб за едукација, мотивација и личен развој „Ко-Креатори“

February 14, 2020 0 Comments

КЛУБ КО-КРЕАТОРИ е социјално претпријатие за едукација, мотивација и личен развој основано од обучени тренери. Работиме по различни програми и под различни индивидуални брендови, но кон една заедничка цел – да се свртиме кон себеси со развиена свест за личен развој.
Личен развој е процес на подобрување на самите себе преку свесни навики и активности.
Тренер за личен развој е личност која го води процесот на промени и помага да се постигнат специфични цели преку надминување на пречките за раст.

МОТО:
Креираме живот свесно!

МИСИЈА:
Обезбедување услуги со програми за личен развој, ментално и емоционално здравје за поединци и тимови, со цел да се овозможи активна инклузија на деца од еднородителски семејства и жени жртви од семејно насилство

ВИЗИЈА:
Најголема заедница на активни луѓе кои свесно се фокусираат на личниот развој!

УСЛУГИ:
Индивидуални консултации (лично и преку интернет), курсеви низ групни работилници, team-building обуки и едукативни/мотивациски настани.

УНИКАТНОСТ:
Социјално претпријатие што создава систем на поддршка за активна инклузија на жени жртви на семејно насилство и деца од еднородителски семејства со одвојување на 10% од секоја уплата за нашите услуги.

Контакт е-маил: klubkokreatori@gmail.com

facebook page: https://www.facebook.com/pg/KlubKoKreatori/about/?ref=page_internal

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *