Начини на остварување на пракса

May 7, 2020 0 Comments

Креирајте го вашиот вработен преку практиканство!

Во овој блог ќе ги разгледаме различните начини како можеме да ангажираме практикант во нашиот тим. Постај три различни видови на пракса кои можеме да ја понудиме на студентите или невработените.

Првиот тип на пракса е платена пракса која е според новиот закон за практиканство кој е изгласан на 24 април 2019 година. Според овој закон една компанија може да ангажира одреден број на практиканти кој зависи од бројот на вработени лица на неопределен временски период во компанијта и тоa во следниот сооднос:

  • од еден до пет вработени – еден практикант
  • од шест до 10 вработени – до два практиканта,
  • од 11 до 50 вработени – до четири практиканти,
  • од 51 до 150 вработени -до осум практиканти,
  • од 151 до 250 вработени – до 15 практиканти,
  • од 251 до 500 вработени – до 30 практиканти и
  • над 500 вработени – до 50 практиканти.

Исто така според овој закон се предвидува плаќање на соодветен месечн надоместок на практикантот и тоa:

  • од 42% до 74% од минималната нето плата, утврдена согласно со закон, за практикантска работа до три месеци и
  • во висина на минималната нето плата утврдена согласно со закон, за практикантската работа над три месеци, сметано од четвртиот месец.

Со овој закон се регурилра првиот тип на пракса, а тоа е платена пракса која ги опфаќа студентите и невработените лица, повеќе за овој закон можете да прочитате на следниот линк. https://www.pravdiko.mk/wp-content/uploads/2019/05/Zakon-za-praktikanstvo-21-05-2019.pdf

Другиот начин на остварување на пракса е задолжителна пракса која е пропишана од страна на законот за високо образование. Оваа пракса е наменета за студенти кои мораат да ја обават до запишување на новиот семстар и тоа во времетраење од најмалку од еден месец. За оваа пракса работодавецот не е задолжен да плаќа надоместок на практикантот.

Останати начини на изведување на пракса се активните годишни мерки на Агенција за вработување. Преку овие мерки годишно одат на пракса над 1200 невработени лица. Овие мерки се годишни и се гласаат секоја година, преку овие мерки компаниите добиваат практикант кој го плаќа државата. Постојат различни мерки со кои се помага процесот на вработување и практиканство ова е само една од тие мерки. Повеќе информации можете да пронајдете на веб страната на Агенција за вработување на Македонија на следниот линк: https://av.gov.mk/

Bintern e online платформа која ги поврзува студентите и невработените со компаниите за пракса и вработување. Регистрирајте се и пронајдете го она што го барате.

Линк до Bintern: https://bintern.com/bintern5