Оглас за работа – ИТ предавачи во Јавен Адвертајзинг ДООЕЛ Битола

February 28, 2020 0 Comments

Јавен Адвертајзинг Дооел од Битола е верифицирана институција за образование од областа на информатичките технологии и организира обуки за програмирање, графички дизајн и дигитален маркетинг.
Заради проширување на својот обем на работа во Охрид и во Битола, Јавен Адвертајзинг Дооел има потреба од предавачи со повеќе годишно работно искуство во областа на програмирањето и графичкиот дизајн и тоа:

  • Предавач за веб програмирање со познавање на следниве технологии: HTML, CSS, JavaScript, JQuery, WordPress.
  • Предавач за PHP програмирање со познавање на PHP програмскиот јазик, бази на податоци MySQL, Laravel, Git/GitHub и Angular JS.
  • Предавач за ЈAVA програмирање со познавање на JAVA /J2EE , Spring Framework, (REST/SOAP) и бази на податоци MySQL.
  • Предавач за програмските јазици C++ и C#
  • Прeдавач за графички дизајн со познавање на програмите Adobe Photoshop и Adobe Illustrator

Предавачите треба да имаат завршено минимум високо образование од облaста на информатичките тeхнологии, и да имаат над 3 години работно искуство во горенаведените технологии, а предност имаат кандидатите кои имаат искуство во предавање односно пренос на знаење во бараната област.

Предавачи може да бидат и лица кои се веќе во работен однос, а работниот однос како предавач ќе се регулира со договор за дополнително работење.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови може да испратат со CV на следнава емаил адреса contact@javen.mk. со назнака за работното место за кое аплицираат, или за повеќе информации да се јават на 078 391 978.

За повеќе инфо посетете ја и нашата веб страна: https://javen-advertising.com/