Прва панел дискусија на универзитетското студентско собрание на УКЛО

February 19, 2020 0 Comments

На ден 18.02.2020 година се одржа првата панел дискусија на универзитетското собрание на УКЛО на тема “Предизвиците на студентите на УКЛО”. Целта на дискусијата беше идентификување на сите предизвици со кои секојдневно се соочуваат студентите на УКЛО. На дискусијата присустваа студенти од повеќето факултети на УКЛО и се водеше интересна дискусија помеѓу студентите кои беа сплотени кон решавање на идентификуваните предизвици со цел подобрување на студирањето и животот на студентите. Ова беше првата дискусија на универзитетското студентско собрание, но не и последна. Тие имаат планирано да ги посетат сите факултети на УКЛО во Охрид, Прилеп, Скопје и да направат уште еден настан со сумирани впечатоци во Битола. Покрај дискусии исто така собранието има испланирано и доста други интересни активности за дружење и соработка помеѓу студентите.

Членови на универзитетско студентско собрание
  • Говорници на самата дискусија беа:
  • Дона Петрова – Претседател на универзитетското собрание на УКЛО;
  • Анета Трајковска – Претседател на факултетското собрание на ФИКТ во Битола;
  • Михајло Најдески – Претседател на факултетското собрание на ФТУ во Охрид;
  • Филип Петрески- Претседател на факултетското собрание на ЕФ во Прилеп;
  • Димитар Врглевски – Претседател на факултетското собрание на ПФ во Битола;

За повеќе информации околу универзитетското студентско собрание можете да најдете на нивната фејзбук страна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *