Потпишана Декларација за млади, образование и иднина

July 14, 2020 0 Comments

Студентите од цела Македонија обединети со заедничка визија за подобро утре. Студентите не се иднината, тие се сегашноста, сега е најдоброто време да се направат промени и да се подобрат нештата во образованието и во општественото живеење на младите.

На 11 јули во Паркот на новинарите беше потпишана Декларација за млади, образование и иднината од страна на Универзитетските собранија на универзитетите „Св. Кирил и Методиј”, „Мајка Тереза”, „Св. Климент Охридски” и „Гоце Делчев и претставници на политичките партии од СДСМ и Коалиција Можеме, ДОМ, ВМРО ДПМНЕ – Коалиција Обнова за Македонија, ДПА, Македонски концепт и Глас за Македонија.Причината за организирањето на ваков собир е катастрофалната ситуација во која се наоѓа високото образование. Потребата од потпишување на декларацијата доаѓа од деценискoто отсуството на политичка волја за сериозни реформи во образованието. 

На настанoт беа поканети сите политички партии. Декларацијата ја потпишаа претставници на шест партии: Дарко Каевски СДСМ – Коалиција Можеме, Никола Димитров СДСМ – Коалиција Можеме Маја Морачанин ДОМ – Коалиција Можеме, Тимчо Муцунски ВМРО – ДПМНЕ – Обнова на Македонија Синиша Стојановски ВМРО – ДПМНЕ Обнова на Македонија Љупчо Божиновски Македонски концепт, Висар Палоши ДПА, Татјана Гогоска Глас за Македонија.

Самата декларација опфаќа пет клучни цели и тоа: подобрување на образованието, создавање на поволни услови за развој на науката, подобрување на инфраструктурата на високообразовните институции, нови институции за малди и образование, и подигнување на студентскиот стандард.

Оваа декларација ја симоблизира проактивноста и умствената слобода на студентите кои ја искажуваат преку иновативни решенија за подобрување на образованието. Студентите ја имаат онаа искра која може да ја запали најголемата револуција на 21-виот век која ќе доведе до покавалитетни услови за студирање и живеење на младите во нашата држава.

И како за крај “Тешките времиња раѓаат силни луѓе”. Студентите го заслужуваат најдоброто за да може да му вратат на државата многу повеќе успеси и напредок.