Стартап Македонијa

July 1, 2020 0 Comments

Стартап Македонија е невладина организација која работи на економско поле помагајќи им на младите бизниси или така наречени стартапи да пораснат. Најголем дел од светската економија се стартапите па затоа Стартап Македонија ги помага токму оние бизниси на кои им е потребна најмногу поддршка за да ги постигнат нивните цели. Самата организација е составена од тим на млади, амбициозни и успешни луѓе кои опфаќаат широк спектар на активности кои се поврзани со вашиот бизнис како сметководство, легалност, менаџирање на бизнисот, маркетинг и продажба и многу други активности.

Многу добро ни е позната онаа реченица “За да се успее не е доволно да се има добра идеја, потребно е да се има уште подобра реализација!”. Бидејќи реализацијата е онаа детерминанта за успех на бизнисите преку Стартап Македонија вие можете да добиете менторство кое ќе ве доведе до подобра реализација на вашите идеи.

Стартап Македонија има голем број на соработки со високо образовни институции, акцелератори, ФИТР, Технолошки парк Тетово, амбасади, co-working простори како и други организции кои нудат раст и развој на стартапите од македонскиот екосистем.

Доколку сакате вашиот бизнис да биде дел од македонската стартап заедница тогаш ви препорачуваме да се регистрирате на платформата на Стартап Македонија за да ги добивате најновите информации за бизнис можностите во Македонија и светот.

Линк од платформата: https://startupmacedonia.mk/

Најнов проект на Стартап Македонија е TechPack македноска платформа која ги поврзува ИТ компаниите и стартапите(нивните дигитални услуги и решенија) за дигитална трансформација на традиционалните бизниси.

Линк до платформата: https://www.techpack.mk/