Искористете го ваучерот за дигитални вештини во Јавен Адвертајзинг

July 21, 2020 0 Comments

Јавен Адвертајзинг од Битола е регистриранa и верифициранa институција за образование од страна на Министерството за образование и наука и Центар за образование на возрасните, која нуди обуки од областа на информатичките технологии, дигиталниот маркетинг и графичкиот дизајн.
Јавен Адвертајзинг освен во Битола, од оваа година стартуваше и со свое претставништво во Охрид каде исто така се одржуваат обуки од истата област.

Официјално Јавен Адвертајзинг е на листата на даватели на обуки која е објавена од страна на МОН, тоа значи дека ваучерите кои ќе ги добиете можете слободно да ги искористите за некоја од нивните обуки.

Согласно со третиот сет економски мерки, Владата донесе Уредба за доделување ваучери за млади лица за обука за дигитални вештини во вредност од 30.000 денари. Ваучерите ќе покријат 50% од цената на ИТ-обуките кои ќе бидат од најосновни до најнапредни дигитални вештини и програмирање. Вкупниот буџет изнесува 150 милиони денари.

Линк од тоа како може да аплицирате за ваучерот https://javen-advertising.com/kako-da-aplicirate-za-vauceri-za-obuki/

Линк од сите обуки на Јавен Адвертајзинг кои може да се посетуваат сo ваучерот од МОН: https://javen-advertising.com/