Зошто може да се успее во Македонија?

Слика Зошто може да се успее во Македонија
October 23, 2020 0 Comments

Неколку причини зошто неможе да се успее и во Македонија.

1.Сведоци сме дека во нашата држава дека има голем број на проблеми и дека постојат земји кои се понапред од нас и ги имаат решено тие минорни но важни проблеми. Тоа е супер дека имаме “проблеми”, затоа што претприемчивите луѓе сакаат предизвици и нив ваквата средина им е во корист бидејќи тие се оние кои ги решаваат проблемите на луѓето и се добро платени за тоа.

2.Ниски даноци и давачки спрема државата, со едноставни зборови кажано “супер”, да во споредба со многу земји имаме низок данок на доход од 10%, не е идеално но сепак е предност.

3.”Поевтина” работна сила, ова се надоврзува со претходното бидејќи даноците и давачките спрема државата влијаат и врз трошоците на бизнисте за вработените. Кога зборувам за “поевтина” работна сила мислам на работните места за кои се потребни високо квалификувани кадри во споредба на платите со другите западни земји. Тоа значи го добиваме истиот квалитет и искуство на вработен но имаме многу помали трошоци за него.

4.Низок стандард, што значи немаме преголеми трошоци за да ги задоволиме основните човечки потреби. Со солидни месечни примања од над 500 евра по член на семјство, може да се живее добро, но не и солидно (секогаш може повеќе и подобро).

5.Мал пазар, што значи дека треба да се размислува за проширување на бизнисот во странство. Тоа е предност бидејќи Македонија ни е тест пазар, а потоа светот ни е нашиот таргет. Тоа е многу добро за онаа првична валидација и позиционирање на пазарот. Исто така ги немаме големите интернационални компании на нашиот пазар бидејќи нив ги интересираат големите пазари, така да и ова е некоја предност кога се натпреваруваш само со локални конкуренти.

Заклучок: Успехот зависи само од нас и од никој друг, за некои луѓе недостатоците се предности бидејќи тие се просторот за подобрување и раст. Дали ќе ги гледате на секојдневните проблеми како препреки или како можности тоа зависи од вас, вие одлучувате дали ќе останете гасеница или ќе летате како пеперутка.

Успехот е ваша должност!

грант кардон

Bintern е онлајн платформа која ги поврзува студентите и невработените со компаниите за пракса и вработување.

Линк до Bintern: https://bintern.com